Мањифико со нов хит!

Written by on август 21, 2019

По настапот на „Belgrade Beer Fest 2019“ викендов, едно од најинтригантните имиња на музичката сцена во регионов, словенечкиот музичар Роберт Пешут Мањифико, продолжува неуморно да работи на музички план и денес промовираше нов сингл „Пегица“.

Мањифико, кој важи за една од најистакнатите музички фигури на просторот на поранешна Југославија, својата музика ја опишува како ретро шик, со комбинација на балкан-диско, шлагери и џез.

Неговата музичка кариера која се протега низ повеќе од три децении, ја одбележуваат бројни огромни хитови кои го освоија целиот Балкан, а со 11-те објавени албуми и повеќе од 1.000 концерти одржани досега, тој изгради и успешна меѓународна кариера.

Инаку,  новиот сингл „Пегица“е најава за новиот албум, но и за традиционалниот концерт закажан за 25.12. во Арената Стожице.


[There are no radio stations in the database]