Маја Шупут со нова љубовна балада!

Written by on јуни 30, 2020

Хрватската музичка сцена збогатена е со уште една прекрасна балада посветена на сите жени.

Станува збор за нов сингл од Маја Шупут насловен „Даљина“.

За песната е снимен и видео спот под режисерската палка на Дарко Дриновац.

„Емоција, сила, тага, оддалеченост од некој близок … ова е најубавата песна што сум ја отпејала досега“- изјави Маја Шупт.

Текстот е на Антонија Шола, а аранжманот и комплетната продукција се на Анте Пецотиќ.


[There are no radio stations in the database]