Мартинијан Кириловски победник на Макфест 2019

Written by on октомври 14, 2019

Празничниот викенд што помина беше во знакот на 34. издание на Макфест. Фестивалот во Штип ја збогати македонската музичка сцена со нови песни, со нови музички имиња, но и со врвни изведувачи, веќе добро познати, кои после многу години се вратија на сцената на овој традиционален фестивал.

Во конкуренција на 30 изведувачи, Мартинијан Кириловски е победникот на овогодинешниот Макфест со композицијата „100 пати на ден“.

Композитор на победничката песна е познатиот и најтрофеен автор на Макфест, Ристо Самарџиев, кој некогаш и самиот тој настапуваше на оваа сцена.

Втората награда му припадна на дуото Александар Митевски и Драган Спасов-Дац со песната „Уште ми фалиш“, додека третопласирана беше песната „Не ѝ признавај“ на новосадската женска група „Фрајле“, со текст на Гордана Поп-Симонова, а позади останатиот дел од композицијата се потпишува легендарниот Тоше Поп-Симонов.


На Макфест беа доделени и уште неколку награди:

-Наградата „Драган Ѓаконовски-Шпато“ за најдобар аранжман ја доби Иле Спасов, најдобар дебитант е Славица Ангелова, а најдобар сценски настап имаше Мартија Станојковиќ.

За одбележување е што Росана Сариќ-Тодоровска настапи на Макфест по 20-годишна пауза и не само што ги собра аплаузите од публиката, туку и ја доби и наградата за најдобра вокална изведба.

Росана ја отпеа песната „Спомени“ која е авторско дело на Александар Митевски. Токму овој шлагер ја издвои од останатите учесници, а делото на Митевски било пресудно таа повторно да и се врати на музиката.


[There are no radio stations in the database]