Мартина Блажеска со „Розеви Неба“ е дел од проектот Songs for World Peace!

Written by on септември 27, 2020

Мартина Блажеска е млада македонска талентирана пејачка со врвно музичко образование и веќе докажан успех во музиката во светски рамки.

Имено, нејзината најнова песна „Розеви Неба“ е напишана за International Day of Peace (Меѓународниот ден на мирот) и е дел од проектот Songs for World Peace (Песни за мир во светот), кој е поддржан од Обединетите Нации, и беше промовирана токму на 21 септември, Меѓународниот ден на мирот.

Глобалната иницијатива „Песни за светскиот мир (Songs for World Peace)“ , на овој ден претстави повеќе од 100 композиции, напишани специјално за овој повод, од музичари од целиот свет, а помеѓу нив беше и нашата Мартина.

Истиот ден, 21 септември, песната имаше промоција и на Радио Бубамара, минатата недела беше на прво место на топ листата, а ја слушавте и како Хит на Радио Бубамара.


Current track

Title

Artist