Мартина Блажеска со песната „Розеви неба“ во глобална иницијатива за светскиот мир

Written by on септември 15, 2020

Песната „Розеви неба“ на Мартина Блажеска, напишана за Светскиот ден на мирот, 21 септември, ќе биде промовирана како дел од глобалната иницијатива „Песни за светскиот мир (Songs for World Peace)“ , кој на овој ден ќе претстави повеќе од 100 композиции, напишани специјално за овој повод, од музичари од целиот свет.

Блажеска е македонска пејачка, композиторка и гитаристка, која живее меѓу САД и Германија. Почнала да свири гитара на 14-годишна возраст. На 17 години се сели на студии во Лос Анџелес и во 2014 е примена на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студирала гитарска изведба.  Настапувала во различни изведби и состави во САД и во Македонија. Сега е официјален член на неколку ансамбли: Ibanez Guitars, Laney Amplification и Elixir Strings.

Работи и своја музика, која најдобро може да се опише како инди-поп-фолк. Во 2018 година го издаде деби албумот „World on a String“ и ја имаше првата европска турнеја.

Нејзината песна „Розеви неба“ е напишана за глобалната иницијатива  „Songs for World Peace (Песни за светскиот мир), поддржана од ООН, која во чест на 21 септември, Светскиот ден на мирот, ќе промовира повеќе од 100 песни посветени на оваа тема.

„Ние веруваме дека секоја земја има своја песна на мирот“, велат од „Songs for World Peace“. Нашата песна на мирот е „Розеви неба“ на Марина Блажеска. Песната, заедно со сите други, ќе биде објавена и на официјалниот сајт на ООН, а на 21 септември ќе има специјална промоција и на Радио буба мара.

 

Музиката на Мартина комбинира џез, инди, фолк и поп. Еве како звучи.

https://www.youtube.com/watch?v=YIM4sqXxSmA

 


[There are no radio stations in the database]