Марко Тоља во музичката романса „Буди будна“

Written by on февруари 16, 2021

По големиот хит „О теби овисан“, со кој го освои радискиот етер и ја воодушеви публиката, Марко Тоља пред неколку дена ја претстави новата музичка романса „Буди будна“. Песната авторски ја потпишува Сергеј Четковиќ кој вели дека Марко и „Буди будна“ биле судбински поврзани.

„Велат дека секој се родил за некого, а оваа песна се родила за Марко Тоља. Иако во моментот на создавање не ни размислував за тоа кој би ја отпеал, таа самата го најде патот и отиде во вистинска насока. Мило ми е што токму марко и даде живот и ја пушти во светот“, раскажа Четковиќ.

И самиот Марко Тоља е презадоволен од тоа како му „легнала“ песната и не го крие своето воодушевување од целиот проект.

„Кога некој ќе ме праша каква е оваа песна, одговорот е секогаш ист. Ова е една од оние песни какви повеќе не се пишуваат, а сите ги сакаме. Неоптоварена од трендовските размислувања и калкулации. Големо благодарам на Сергеј кој ми ја подари оваа убавина и имаше доверба во мене дека ќе ја изнесам на вистински начин“, вели Тоља.

Покрај Четковиќ, во создавањето на овој сингл се вклучени уште Иво Попешкиќ како аранжер, тапаните ги отсвири Марко Лазариќ, гитарите Иван Пешут, басот Хенри Радановиќ, а саксофонот е на Дражен Богдановиќ.


[There are no radio stations in the database]