Макфест 2020!

Written by on септември 21, 2020

Под ведро небо, на градскиот плоштад во Штип, во одлична атмосфера, во петокот и саботата, се одржа фестивалот на забавна музика Макфест.

35-то издание на најреномираниот фестивал во градот под Исарот, се одржа и покраај пандемијата на коронавирусот.

Се беше поинаку, но сепак интересно.

На првата ревијална вечер, публиката со заштитни маски и на растојание од метар и половина уживаше во безвременските хитови, интерпретирани од Џина Папас Џокси, Дарио Панковски, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев заедно со Виолета Арсовска и групата Интервали, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.

Преку видео пораки, публиката и организаторите ги поздравија и фронтменот на групата „Поп дизајн” и Хелена Благне.

Организаторите на фестивалот одадоа почит и на Драган Вучиќ, кој ја изгуби битката со коронавирусот. Неговото творештво, песни и ден денеска живеат, а една од нив е и победничката „Свирете ја зајади, зајди”.

На втората натпреварувачка вечер победи – Групата „Нокаут“ со песната „Сакам да живеам“.

Останатите награди ги понесоа:
– Втора награда: Ѓоко Таневски – „Ден по ден“

– Трета награда: Омер Џаферовски – „Ако те изгубам“
– Најдобар сценски настап: Виктор Апостоловски – „Срца камени“

– Најдобар дебитант: Полина – „Сѐ се врти во круг“

итн.

Додека гласаше стручното жири проследивме и шоу прграма на Игор Џамбазов, кој го придружуваа на гитара Игор Атанасоски Харе и Александар Таушанов. Инаку, тој е поранешен победник на „Макфест“  со песната „Време за плачење“.

На „Макфест 2020“ настапија и  Драган Спасов Дац и Александар Митевски со песната „Ѓавол да те земе“.

Вечерва, понеделник, 21 септември, во клубот Tribeca во Скопје ќе го промовираат и видео спотот за макфестовската „Ѓавол да те земе“, во продукција на Пикадо.


[There are no radio stations in the database]