Македонски пејачи ја возобновуваат старата божикна песна „Небо и земја“

Written by on декември 25, 2018

„Небо и земја“ е насловот на божиќната песна што ја снимија македонските пејачи Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Стефан Филиповски (Некст тајм), Димитар Андоновски, Викторија Лоба и Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“.

Спотот за истата ќе се снима денес и утре.

Инаку, станува збор за божиќна песна која до пред 30 години се пеела во битолскиот крај и која има мошне богата историја и традиција, велат од Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки“.

Ова е трета божиќна песна од нашата естрада и доаѓа по двете верзии на „Вечниот Бог“, снимени во 2015 и 2017 година.


[There are no radio stations in the database]