Македонските sвезди на гости во „Дајте музика“

Written by on ноември 22, 2019

Македонската публика периодов ужива во новите епизоди од „Дајте музика“.

Продолжението на популарното забавно-музичко шоу се емитува на „Македонската Радио Телевизија“.

Емисијата повторно изобилува со многу музика, а новите детски хитови ги потпишуваат: Николче Мицески, Никола Перевски-Пере, Роберт Билбилов, Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов и други.


На децата актери во серијалот кои се од актерската школа на Весна Петрушевска, им гостуваат бројни македонски ѕвезди, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Тони Зен, Пере од Нокаут, Игор Џамбазов, браќата од Неџт Тиме, Столе Стоилов, Перо Антиќ, Дарио, Петар Младеновски од Суперхикс, ДНК, Бени Шакири и Марија Спасовска.

Нивните дружби секогаш завршуваат со убави песни и еве некои од нив:

 


[There are no radio stations in the database]