Македонската филхармонија заедно со светски познатиот африкански музичар Феми Кути ќе настапи на Калемегдан

Written by on август 16, 2018

Македонската филхармонија заедно со светски познатиот африкански музичар Феми Кути и неговиот бенд „Позитив форс“ ќе настапат во Белград во 13 септември на Калемегдан.

Концертот во Белград следи по оној во Градски парк на 7 јуни, кој беше насловен „Филхармонија на отворено“.

Ќе настапат повеќе од 70 музичари, а ќе диригира Џијан Емин, кој направи и специјални аранжмани на композициите.

Српските медиуми пренесуваат дека фантастичната атмосфера која Феми Кути ја создава на своите концерти е добро позната за нивната публика, бидејќи има настапено пред неколку години на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и лани на БЕЛЕФ.


[There are no radio stations in the database]