Македонија го избра претставникот за Евросонг 2019

Written by on јануари 28, 2019

Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на Евросонг 2019-та, објави Македонската радио телевизија (МРТ).

Изборот за песна на Евровизија, ќе се одржи од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел.

Тамара има богато евровизиско искуство. Како македонски претставник на „Евросонг“ оди втор пат, а претходно два пати била и како придружен вокал. Во 2008 година, заедно со Врчак и со Адриан Гаџа во Белград ја испеа „Во името на љубовта“. Во 2004 година, беше дел од придружните вокали на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 година исто така ги отпеа придружните вокали на сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.

Инаку, Македонија за прв пат дебитираше на Евровизија 1998 која се одржа во Бирмингем, Велика Британија, најдобриот пласман Македонија го доби во 2006 во Грција, каде што Елена Ристеска го освои одличното 12. место.


[There are no radio stations in the database]