Мадона е „Мадам X“

Written by on април 17, 2019

Легендарната Мадона го најави нејзиниот најнов албум насловен „Мадам X“.

Таа во неделата сподели кратко видео и фрагмент од новата музика на нејзиниот официјален инстаграм профил.

Во видеото таа е претставена како пробува различни костими, пренесува Си-ен-ен.

-Одлучив да го наречам албумот „Мадам X“. Таа е таен агент кој патува околу светот, менува идентитети и носи светлина во мрачните места. Таа е танцувач, професор, претседател и затвореник, студент, мајка и дете, улителка, калуѓерка, пејачка и шпиун. Јас сум „Мадам X“ – вели Мадона за својот албум.

Ова ќе биде првиот нејзин албум од 2015 година, кога го издаде “Бунтовичкото срце”.

Датумот на пуштањето на нејзиниот нов музички проект сè уште не е јасен.

Но,во меѓувреме, Мадона исто така ја откри соработката со колумбискиот пејач и текстописец Малума, а за денес го најави и излегувањето на нивниот заеднички сингл „Меделин“.


[There are no radio stations in the database]