Лозано со уште еден летен хит го најавува третиот албум

Written by on јули 2, 2018

Влатко Лозаноски-Лозано, еден од најдобрите вокали на македонската естрада, продолжува со објавување на синглови кои ќе бидат дел од неговиот трет по ред албум „Десет“, што наскоро ќе и го претстави на јавноста, по повод десет години музичка кариера.

По објавување на последната песна „Километри“ ,која има 1.300.000 прегледи на социјалната мрежа Јутјуб,песна која веќе доживеа и некои преработки, а и пејачката Тијана Дапчевиќ, која живее и работи во Белград, сака да ја препее за српскиот дискографски пазар,време е за уште еден нов сингл насловен „Јако јако“.

Музиката и овој пат е дело на Лазар Цветковски, а текстот на Магдалена.
Да го погледнеме и видео спотот за новиот летен хит на Лозано.
Уживајте!


[There are no radio stations in the database]