„Летај“ е новиот сингл на Андријана Јаневска!
Written by Р.Б. on декември 28, 2020
Андријана Јаневска со нова песна ја завршува оваа пандемиска 2020 година.
Песната ја промовираше на 26 декември, преку Јутјуб и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Насловот на истата е „Летај“, а станува збор за емотивна балада која е посветена на нејзината почината мајка и на сите оние кои не се повеќе физички помеѓу нас.