Која музичка ѕвезда ќе го отвори Светското првенство во Русија?!

Written by on јуни 14, 2018

Најголемиот фудбалски светски спектакл ќе трае еден месец од денес,14 јуни до 15 јули.

Веќе се е подготвено и се одбројува пред самиот почеток.

Според протоколот британскиот пејач Роби Вилијамс ја доби честа да пее на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Русија, на стадионот „Лужники“ веднаш пред натпреварот помеѓу домашната селекција и Саудиска Арабија.

Роби Вилијамс ќе биде придружуван од руската сопрано пејачка Аида Гарифулина, а на теренот ќе биде и легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.

По тој повод, популарниот Британец на својот налог на Фејсбук, напиша:

„Многу сум возбуден што ќе се вратам во Русија и ќе настапам на отворањето на Светското првенство! Вклучете се рано во четврток за незаборавно шоу! – им порачал Роби Вилијамс на своите фанови и сите љубители на фудбалот.

Robbie Williams | FIFA World Cup 2018

Very excited to be returning to Russia to perform at the opening of the FIFA World Cup! Tune in early on Thursday for an unforgettable show!

Posted by Robbie Williams on недела, 10 јуни 2018


Current track
TITLE
ARTIST