Концерт на Петар Ренџов на врвот на Водно

Written by on април 8, 2019

Пред самиот крај на минатата година, поточно на 24 декември 2018 г. во 20 часот, во клуб-ресторанот “Портофино”, беше промовирано најновото ЦД издание на Петар Ренџов, насловено како „Jazzilka”.

Тогаш, Ренџов најави дека „Jazzilka” ќе биде претставена и концертно пред пошироката публика, во рамки на промотивните активности во 2019 година.

Во тој контекст, следниот викенд, поточно во сабота, на 13 април точно на пладне, на врвот на Водно, Петар Ренџов ќе одржи концерт, а негови гости ќе бидат и Тумбао Салса Бенд.


[There are no radio stations in the database]