Кирил Џајковски повторно соработува со Милчо Манчевски

Written by on октомври 25, 2019

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија.

Првото од нив, синглот „Ред Сафари“ е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д.

Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.

Имено, синглот „Ред Сафари“ е дел од саундтракот за филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски.

Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим.

По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во проектот „Бастион“.


[There are no radio stations in the database]