„Квин симфони шоу“ во Скопје

Written by on јуни 11, 2018

Град Скопје и Градски летен парк го најавуваат најголемото „Квин симфони шоу!“ на 22 јуни во Скопје.

Настапуваат: „QUEEN REAL TRIBUTE“, оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет под диригентство на Милош Јовановиќ (Србија).

Еден од најдобрите светски „Квин“ трибјут бендови, со специјални аранжмани за оркестар и хор, ќе ги изведе најголемите хитови на една од највлијателните групи на сите времиња.

„QUEEN REAL TRIBUTE“ во состав: Иван Ристановиќ – вокал; Ненад Бојковиќ – гитара; Иван Дерфи – бас; Радош Чапин – тапани, постојано ја фасцинираат публиката ширум светот!


[There are no radio stations in the database]