Како терасата стана место за дистанцирана социјализација?

Written by on март 22, 2020

Во време на социјално дистанцирање, терасата стана место за дистанцирано социјализирање.

Звучи како лингвистичка еквилибристика, но не е само тоа. Во време на актуелната пандемија со коронавирусот, кога главната мерка за успорување на неговото ширење се вика: „Седи си дома“, терасата во европските градови стана сцена, подиум и место за комуникација – од безбедна оддалеченост.

Се почна од Италија, земјата која сериозно страда во нападот на коронавирусот и во која бројот на жртвите е толку голем зашто Италијаните, во својата медитеранска поврзаност со сонцето, предоцна почнаа да го практикуваат мотото „Седи си дома“.

💚🤍❤️

Bella ciao 💚🤍❤️

Posted by Tranquility Corner on Четврток, 19 март 2020

Но, сега терасата стана клучен простор на нивната изолација.

Прво се собраа оттаму да им аплаудираат на лекарите и на целиот медицински персонал, кој е во првиот фронт во борбата со вирусот. Потоа, спонтано почнаа да пејат – во мали соседски хорови, кои постепено се прошируваа во маалски изведби. Најпосле терасите станаа подиуми – за индивидуални настапи на пејачи, свирачи, инструктори по јога и други креативци, кои работат по принципот – поклони се од терасата и почни.

Публика веднаш се создава, а аплаузите се долги и силни.


[There are no radio stations in the database]