Како изгледа социјално дистанциран протест во Љубљана?

Written by on мај 21, 2020

Илјадници протестанти секој петок веќе цел месец излегуваат на улиците на Љубљана, Марибор, Цеље, Копар и другите градови на мирни протести против ограничените граѓански слободи за време на пандемијата. Словенија прогласи крај на епидемијата, но забраните за јавни собири се уште се на сила. Протестанитите возат под слоганот „Нема да ја одземете нашата слобода“,  почитувајќи ги мерките за заштита на јавното здравје.

И песната, создадена наменски за протестот, во 3 минути дава комплетен одговор на сите прашања, кои започнуваат со ограничените граѓански слободи во време на пандемија, но завршуваат со незадоволство од Владата поради корупција и нетранспарентност. И тоа, во Словенија, замислете…

 

Во видеото насловено „10 илјади велосипеди во Љубљана“ може да се види како изгледаат протестите и да се слушне специјално создадената песна чиј рефрен, меѓу другото, порачува: „Драга Владо, престани да нè делиш, на леви и десни, тоа веќе не е важно, важно е само да се покаже малку почит, ќе протестираме во мир со маски на лицата и ќе одржуваме дистанца, нема да дозволиме здравствениот систем  да се распадне, но ќе има два милиони точаци ако не запрете да се преправате дека не постоиме…Има нешта кои не можат да се порекнат како фактот дека веќе не ви веруваме, како фактот дека времињата се тешки за сите, фактот дека сакаме транспарентност, повеќе од сè, и фактот дека не можете да не замолчувате повеќе“.


[There are no radio stations in the database]