ИН МЕМОРИАМ: Почина Драган Вучиќ

Written by on мај 4, 2020

Македонскиот кантавтор, пејач и водител Драган Вучиќ денеска почина на Инфективна клиника во Скопје на 65-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврдил синот, Мартин Вучиќ.

Претпоставка е дека коранавирусот бил кобен за нашиот кантавтор.

Драган е роден во Скопје 1955 година.

Зад себе остави бројни поп и фолк хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Анѓели ме носат“, „Ника, Марика“„Кажи ѕвездо“  и други.

Тој беше член на позната македонска група „Тавче Гравче“ и на групата „Кода“.

 


[There are no radio stations in the database]