Илина Арсова го искачи шестиот од „Седумте врвови на седумте континенти“

Written by on јануари 11, 2019

На почетокот од годинава македонската планинарка и алпинистка, Илина Арсова се искачи на врвот Пунџак Џаја, Карстната пирамида (4.884 метри), кој се наоѓа во Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија.

Од портфолиото на врвови меѓу Еверст, Аконкагва, Мек Кинли, Монт Блан, Елбрус, Килиманџаро, останува уште врвот на најстудениот континент, ледениот Антартик. Таму се наоѓа Монт Винсон висок 4892 метри врв кој покрај студенилото и силните ветрови е дестинација која како и останатите врвови е предизвик само по себе, само да пристигнете дотаму е долга исцрпувачка авантура.


[There are no radio stations in the database]