ИЗЛЕЗЕ ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ТАЈЛАНД

Written by on јули 9, 2018

Шесто момче од заробените 12 со нивниот тренер во тајландската пештера е спасено, потврдил за Гардијан извор од спасувачкиот тим.

Во меѓувреме, петтото спасено момче пристигна во болницата во Чианг Раи, каде што ќе им се приклучи на своите соиграчи што веќе се лекуваат таму. Уште шест момчиња и нивниот тренер сѐ уште чекаат во пештерата.

На социјалните мрежи излезе снимка со нуркачите како водат момче на носилка низ тесните и опасни ходници на пештерскиот комплекс.


[There are no radio stations in the database]