Ивана Радовниковиќ има нов сингл!

Written by on јули 21, 2020

Познатата хрватска пејачка и текстописец Ивана Радовниковиќ го претстави новиот сингл „Bye Bye Bye“.

Станува збор за енергична поп песна која со својата мелодија и позитивна енергија е вистинско освежување на музичката сцена.

Таа е одраз на нејзиното размислување на животот и дека не треба да се живее според норми дефинирани од другите.

-На ваквите наметнати рамки, кои не се во согласност со нашите вредности или ставови, треба едноставно да се каже „Bye, Bye!“.- вели  Ивана Радовниковиќ, која е автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Матеј Зец.

Спотот е снимен во Барселона, еден од најомилените градови на Ивана.


[There are no radio stations in the database]