„Златна бубамара“ за трајни вредности за Маја Оџаклиевска

Written by on април 13, 2018


На претстојното 21. издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, со наградата за “Трајни музички вредности” ќе се закити легендарната Маја Оџаклиевска. Тоа го откри главниот човек на „Бубамарата“, Ранко Петровиќ, кој во разговор со МИА соопшти дека годинава ќе бидат доделени вкупно 23 награди.

„Ќе има 23 награди. За животно дело награда ќе добие октетот ’Македонија’. За трајни музички вредности ќе ви откријам една награда – за нашата најголема поп-дива Маја Оџаклиевска. Како и секогаш, музичката програма е богата, но друго не откриваме зашто сценариото е секогаш дискрециско право, а сметка полагаме кога луѓето ќе си заминат насмеани. Затоа и велиме: ’Колку и да трае, ќе си седите… и ќе се смеете!’ Наградите ги доделува Академијата на ’Златна бубамара’, која ја сочинуваат 21 член, од кои четворица до шестмина се нови, односно нив ги менувам секоја година. Ги држам во тајност за да нема притисоци и за да имаат правична одлука. Јас сум претседател на Академијата, пофалбите доаѓаат до мене, а исто така и ако нешто сме згрешиле. Но, досега сум оставил чист образ“, рече тој.


[There are no radio stations in the database]