Замина Оливер Драгоевиќ

Written by on јули 29, 2018

Една од најдолготрајните ѕвезди на поширокиот екс-ју простор, Оливер Драгоевиќ, почина утрово во сплитската болница. Ја изгуби едногодишната битка со ракот на белите дробови.
Неговата кариера траеше речиси половина век.

Првпат настапил на Сплитскиот фестивал на само 14-годишна возраст со песната „Балони“, а по две години почнал професионално да се занимава со музика како пејач и клавијатурист на сплитската група „Батали“.

Кога во 1974 година победи на Сплитскиот фестивал со песната „Ча ќе ми Копакабана“ започна неговата самостојна ѕвездена кариера. Песната „Галебот и јас“од Зденко Руњиќ, која ја отпеа следната година на Сплитскиот фестивал, стана негов заштитен знак и одбележа почеток на повеќегодишна соработка на најнаградуваното авторско-пејачко дуо во Хрватска.

Зад Оливер останаа 23 албуми, бројни компилации, награди, признанија и песни кои сите ги сакаме.

Neka se drugi raduju neka me nocas ne oplakuju

jer cemu zivot, cemu sve kad srece nema za mene

Jos jedna evo pada noc mladosti moja zbogom, moram poc’

visoko medju zvijezdama da nadjem mir, da nadjem sna

gdje ljubav moja pociva


[There are no radio stations in the database]