„Забрањено пушење“: Немаме вирус, имаме Корона позитивен хит!

Written by on октомври 26, 2020

По 15-годишна пауза, легендарниот музички тандем  Sexon и Куртовиќ, повторно ги здружија силите!

Двајцата Сарајлии, секогаш како со музичка магија создаваат хитови, а овој пат магијата лежи во песната „Корона хит позитиван“.

Новата песна на легендарниот бенд има сè заради што ги сака публиката – добар ритам, заразен и со хумор проткаен рефрен, и самоироничен текст, а создадена е една вечер среде карантин, кога Сејо (Sexon) фронтменот на бендот Забрањено пушење, сфатил дека по сето она што го има поминато во животот, не смее да дозволи  да  добие корона, бидејќи има слаб имунитет, но има и, како што вели, хит со кој ќе го освои цел свет!!!


[There are no radio stations in the database]