Ерос Рамацоти и Луис Фонси го објавија спотот за заедничката песна

Written by on февруари 2, 2019

Италијанскиот поп ветеран Ерос Рамацоти и порториканската  sвезда Луис Фонси, познат по хитот „Despacito“ ,го објавија спотот за песната “Per Le Strade Una Canzone”.

Овој сингл, на кој заеднички работеа Рамацоти и Фонси, се најде на 15. студиски албум на италијанскиот пеач “Vita Ce N’e”, кој е претставен во ноември месец минатата година.

Со овој албум Рамацоти ја најави и светската турнеја која ќе започне на 17 февруари.

Во меѓувреме, овој популарен двоец со песната “Per Le Strade Una Canzone” ке настапат на фестивалот Сан Ремо на 9.февруари.


[There are no radio stations in the database]