Емотивен кабаре-концерт „Јаболки и круши за уметнички души“ на Мијата во Македонската филхармонија

Written by on декември 3, 2018

„Јаболки и круши за уметнички души“, акустичниот кабаре концерт на Мијата ни покажа и докажа дека Скопје умее да препознае уметност.


Беше вистинско уживање за публиката да се слуша 90 минути авторска музика, зашто сите дела, вклучувајќи ги и рецитациите, се дело токму на Мијата.
Камерната сала на Македонската филхармонија создаде идеална акустика за песните, повеќето познати на публиката како „Домаќинска“, „Верувам во себе“, но и не толку експонираните како „Телово гори“, француската „Пардоннез- мои“ кои беа дел од саундтракот на „Јаболки и круши“.


А тука беше и руската „Уралскаја Рабинушка“, каде што Мијата на маестрален начин со својот вокал, целосно ѝ се предаде на публиката.
Убавината на настанот е што гледавме ретко квалитетен, комплетен уметнички настап, а не само класичен концерт. Мијата освен што врвно пее, глуми, и речиси за секоја нова песна се пресоблеблекува во нова креација. Секоја песна беше филм сам за себе, а сепак сите заедно совршено вклопени во една целина.


Да спомнеме дека вечерта ја збогатија рецитациите на сестра ѝ, актерката Јелена Мијатовиќ, глумата и пантомимата на нејзиниот партнер на сцената, Мето Јанакиевски, придужните вокали на Ангела Здравковска и бендот кој ја следеше. Режисер на оваа светска претстава која треба да се повтори е Војо Цветановски.


[There are no radio stations in the database]