Елена Ристеска сними дует со Данијела Кариќ

Written by on февруари 2, 2019

По дуетот со Хари Мата Хари во 2017 година за „Још ме плашиш“, Елена Ристеска има нов дует со српската пејачка Данијела Кариќ.

Пејачките ги споија своите гласови за песната со наслов „Срца се погреше“, а со тоа Кариќ прави камбек на регионалната музичка сцена.

Нивниот заеднички сингл е објавен со видео спот снимен во Белград, а во истиот се појавуваат едни од најдобрите балетски танчари во Србија

Музиката и текстот за новата песна на Елена и на Данијела е на Александра Милутиновиќ, аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров.

Истиот тим го работеше и хитот „Доживотно“. Спотот е снимен во Белград, под режисерската палка на Милош Шаровиќ.


[There are no radio stations in the database]