Ед Ширан со ново видео за „Cross Me“

Written by on јуни 24, 2019

Откако сними песна со Џастин Бибер „I Don’t Care“, со кој го најави новиот албум, Ед Ширан објави уште една музичка соработка.

Како втор сингл од новиот проект беше објавена темата „Cross Me“, во која гостуваат американските рапери Ченс д Рапер и Пи-ен-Би Рок, а сето тоа сега е дополнето и со мошне интересен спот.

Песната е дел од неговиот нов албум „No. 6 Collaborations Project“, кој ќе биде пуштен во продажба на 12 јули.

Албумот ќе содржи 15 песни и Ширан на него соработува со ѕвезди од двете страни на Атлантикот.

Меѓу американските ѕвезди се Карди Би, Бруно Марс, Скрилекс, Камила Кабелјо и Халид, а на Ширан му успеа во една песна да ги обедини Еминем и 50 Сент.

Ширан сними песни и со некои од најуспешните современи британски рапери, како Стормзи.

Како и да е, фановите имаат големи очекувања од новиот албум на Ширан, бидејќи станува збор за изведби на едни од најголемите имиња во музичката индустрија во моментов, што дефинитивно ќе придонесе проектот да биде еден од најпопуларните за годинава.


[There are no radio stations in the database]