Ед Ширан и Џастин Бибер го објавија дуетот – „I Don’t Care“

Written by on мај 13, 2019

Пред само неколку дена ја најавија заедничката соработка, и веќе го имаме финалниот производ.

Нова песна, насловена „I Don’t Care“ на Џастин Бибер и Ед Ширан.

Имено, Џастин Бибер и Ед Ширан, неодамна споделија речиси идентични фотографии на своите профили на Инстаграм, па обожавателите на канадската и на британската ѕвезда веднаш почнаа да шпекулираат дека станува збор за нова соработка.

И шпекулациите беа точни.

Продукциски, песната ја потпишуваат Макс Мартин, Шелбек и ФРЕД. 

Инаку, ова е втора соработка меѓу двајцата светски популарни пејачи – Ширан учествуваше во хитот на Бибер „Love Yourself“ од пред четири години.


[There are no radio stations in the database]