Ед Ширан го објави новиот албум

Written by on јули 15, 2019

После толку месеци најавување, албумот на Ед Ширан сигурно е едно најочекуваните изданија за летово, а тоа се случи токму изминзтиот викенд, 12 јули.

Составен од соработки со бројни имиња од светската музичка сцена, и те како предизвика огромен интерес.

Се започна со дуетот со Џастин Бибер за „I don’t care, а од викендов конечно можете да ги слушнеме сите 14 песни.

Бруно Марс, Карди Би, Еминем, Камила Кабејо, Скрилекс, Стормзи, Ела Меј се само дел од гостите што учествуваа во создавањето на No.6 Collaborations Project, а со објавувањето на албумот, Ед Ширан објави и нов спот за темата „Аntisocial“, за која Ширан ги здружи силите со американскиот рапер Тревис Скот.


[There are no radio stations in the database]