„Една љубов имам“ пее Ѓоко Танески

Written by on ноември 26, 2019

Македонскиот пејач Ѓоко Танески реши да направи пресврт во кариерата .

Имено, тој ја промоивираше новата песна насловена „Една љубов имам“ со која познатиот охриѓанец прави пресврт во начинот на музицирањето и својата изведба, па од поп-рок водите запливува во еден сосема поинако стил, подруг жанр кој може да се нарече етно-поп со фолк примеси, а на моменти и џез елементи.

Песната е нешто што всушност внесува свежина во репертоарот на Ѓоко и е нешто сосема поразлично од се што сме чуле од него досега.

Како автори на новата песна се потпишуваат Николче Мицески и самиот Ѓоко, чиј е текстот, а спотот е со потписот на Даниел Јовески и истиот е снимен во родниот Охрид на Ѓоко и изобилува со прекрасни пејзажи од градот под Самоиловите тврдини.

фото: фб Ѓоко Танески


[There are no radio stations in the database]