Евровизија 2020 на ЈуТјуб!

Written by on мај 13, 2020

Вчерашниот ден, 12 мај, беше денот кога требаше да се одржи првото полуфинале на натпреварот за песна на Евровизија во Ротердам.

Бидејќи, годинашниот Евросонг е откажан поради пандемијата на корона вирусот, Европската радиодифузна унија, со цел да им оддаде почит на годинешните несудени учесници, синоќа од 21 часот,на ЈуТјуб, го емитуваше првиот дел од шоуто, а во него го видовме и слушнавме нашиот Васил Гарванлиев со песната „You“ , а потоа и претставниците на Австралија, Белорусија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Израел, Малта, Норвешка и Украина.

Учесниците, освен што ги изведоа своите песни во ова „интернет-шоу“, испратија и пораки до гледачите и ги покажаа и своите „карантински денови“.

Да напоменеме дека и двата дела на ова интернет евровизиско шоу именувано како ,,Eurovision Song Celebration 2020”, 12 и 14 мај, не се од натпреварувачки, туку од ревијален карактер.

„Финалната“ евровизиска ЈуТјуб вечер ќе се одржи на 16 мај со наслов: ,,Eurovision: Europe Shine A Light”.


[There are no radio stations in the database]