Евровизија 2020 беше алтернативна и резимирачка: најголем хит е „Waterloo“

Written by on мај 17, 2020

Евровизиските ѕвезди, минати и сегашни, секој од својата земја се собраа вирално за синоќешното евровизиско шоу, емитувано од Ротердам, вечерта кога требаше да се одржи откажаното 65. издание на оваа музичка манифестација. Алтернативната Евровизија ги претстави сите 41 песна кои требаа да се натпреваруваат годинава и заврши со нивна заедничка изведба на песната „Love Shine A Light “, британската песна – победничка од 1997 година.

https://www.youtube.com/watch?v=R_xmJcg1iBU

 

И логото на овогодишната манифестација, на која онлајн се појавиja и многу поранешни учесници, меѓу кои и Тамара, Марија Шерифовиќ, Нета, Кончита Вурст и др беше „ Europe, Shine A Light“.

За време на ова шоу, кое имаше ненатпреварувачки карактер и со кое беше направен омаж на многу поранешни евровизиски хитови, испеани во 6,5-децениското траење на манифестацијата, беше избран и најголемиот евровизиски хит на сите времиња – „Waterloo“, со кој шведската група АББА победи 1974 година во Брајтон и ја започна својата респектирачка музичка кариера. Изборот го направија гледачи на BBC.

https://www.youtube.com/watch?v=Sj_9CiNkkn4

 

Во синоќешното издание на алтернативната Евровизија со видео-порака се јави Бјорн Улвеус од АББА, кој изјави дека му е тешко да поверува дека „она буцкасто момче со гитара во облик на ѕвезда“  е тој пред 46 години, кога АББА беше катапултирана на патот на славата.

Според најавите на холандските водители на шоуто, многу од овогодишните учесници на осуетената Евровизија ќе учествуваат на следното издание во 2021 година.

 

 


[There are no radio stations in the database]