Д-р Неле Карајлиќ ‒ добитник на наградата „Момо Капор“ за новиот роман „Солунска 28“

Written by on април 4, 2019

Легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“, д-р Неле Карајлиќ, е добитник на српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година. Наградата ја добива за неговиот нов роман „Солунска 28“, што наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
За наградата одлучило жирито во состав Мухарем Баздуљ (претседател), Драгана Марковиќ и Вуле Журиќ кои донеле едногласна одлука, деветтата награда „Момо Капор” да му припадне на Карајлиќ.

Книгата „Солунска 28“ на српски јазик беше објавена минатата година, во издание на еден од најголемите српски издавачи „Лагуна“. „Арс Ламина“ е македонски издавач и на првиот роман на Неле Карајлиќ, „Фајронт во Сараево“.

Инаку, еве да потсетиме, д-р Неле Карајлиќ на 28 ноември 2018 година, беше гостин во Радио Бубамара, а поводот беше неговот настап за отварањето на јубилејниот Таксират.
Извонредниот мултимедијален уметник настапи во Скопје по речиси 20 години од неговиот последен концерт кај нас, а неговото враќање пред македонската публика по толку години, дополнително придонесе за најпозитивниот емотивен набој во публиката која повеќе од два часа уживаше во репертоарот сочинет од најголемите хитови кои ја одбележаа младоста на генерации музички фанови.

Вредно за спомнување е и дека д-р Неле Карајлиќ имаше незаборавен заеднички настап со Игор Џамбазов и Бубо Каров на Златна Бубамара 2015 година,кога ја отпеаја секогаш популарната „Зеница Блуз“ и ја прими наградата за Животно дело .


[There are no radio stations in the database]