„Дупер“ промовираа нова песна – „Пробај да ми бидеш“.

Written by on мај 8, 2019

Со песната „Не сум твој тип“, групата „Дупер“ се проби на  македонската музичка сцена како освежување и поразлични од останатите. Потоа следеа и успешните „Тело за на ТВ“ и „Ние сме 2“. Не требаше да помине многу време и зад нив  застана „Авалон“ продукција.

Настапија и на овогодинешнаа Златна Бубамара на популарноста и добија награда за „Музичко откритие за 2018“.

Овие денови беа актуелни со веста за раскинувањето на договорот со Авалон ,притоа на својата Фејсбук страна објавија и натпис во кој се поздравуваат и со едниот свој член, Мартина Баракоска, поради ненадминливи разлики, како што велат.

И после се,уште едно изненадување ! Борис Какуринов (гитара и клавир) Илчо Нечовски ( вокал и свири бас-гитара) од  „Дупер“ промовираа нова песна насловена „Пробај да ми бидеш“.

Интернет промоцијата на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб се случи неколку часа откако беше објавено дека повеќе не се тројца, односно останаа двајцата, без Мартина.

Музиката, аранжманот и текстот на новата песна ја потпишуваат Борис и Илчо, додека снимање, микс и мастер се направени во студио „Подрумот“ кај Ангел Ќосев.
Лирикс видеото е изработено од Томи Акимовски.


[There are no radio stations in the database]