Дуото Александар и Дац и Destiny Quartet ја преработија „Јовано, Јованке“!

Written by on февруари 23, 2021

Познатата народна песна „Јовано, Јованке“, под продукциската палка на искусните и докажани Маурицио Абени и Марко Страчони од Италија, доживеа нов аранжман. Безвременската песна, музички ја интерпетираа современиот гудачки состав “Destiny Quartet“ од Софија, Република Бугарија и Дуото “Александар&Дац“.

Со посебна жар,„Јовано, Јованке“ ја свират прекрасните дами од квартетот „Destiny“ кои, преку магијата на своите гудала ги повикаа гласовите на популарното дуо “Александар&Дац“ и заедно создадоа љубовна магија. Кога е нешто со љубов направено, велат дека е „осудено на успех“. Ако имате и „Љубовен пасош“ како нашиот, тогаш тоа е „љубов без граници“Најновиот „Љубовен пасош“ нé води на релација Скопје ‐ Софија и обратно“, за оваа соработка коментираа македонските шоумени“. Овој проект не е само обична песна или кавер верзија. Ова е приближување помеѓу нашите два народа. Знаејќи дека за музиката, љубовта и убавото не постојат граници, сигурни сме дека со „Љубовниот пасош” правиме вистински чекор за ширење бескрајна љубов и позитивна енергија“, изјавија девојките од „Destiny Quartet“.

За овој нов музички аранжман, уметниците снимија и видео запис, реализиран во рамки на „Музеј на Земјата и луѓето“ во Софија, под искусното режисерско око на Тошко Чапканов и неговата Екипа.


[There are no radio stations in the database]