„Дуоз“ имаат нов сингл!

Written by on август 23, 2019

Електронска музика, добра журка, енергична атмосфера на едно место – токму такви се настапите на диџејското продуцентско дуо “ДУОЗ”, двајца браќа, Бојан и Горазд од Скопје.

 

Тие со полн замав во својата музичка кариера опфаќаат голем спектар на електронската сцена, а нивните сетови се карактеризираат со многу емоции и доживување.

Во последните 5 години тие се константно активни на сцената, настапувајќи на многубројни фестивали, во ноќни клубови во Македонија и надвор од неа, а продуцираат и своја музика која што е поддржана од локални, но и од неколку познати светски музички имања како што се:Мартин Гарикс, Афроџек, Ники Ромеро и други.

Овие талентирани млади момци вчера го промовираа нивниот нов сингл „ Лукава“.


[There are no radio stations in the database]