“Дунавом“- нова балада на Жељко Бебек

Written by on ноември 18, 2019

Еден од најпознатите рок музичари и првиот пејач на групата “Бијело дугме”, Жељко Бебек, своите фанови ги почести со нов сингл.

Станува збор за прекрасна балада “Дунавом“ која влегува во уво на прво слушање.

Песната е изработена за Кроација Рекордс, автори на истата се Бранимир Михаљевиќ и Нено Нинчевиќ, веќе докажани соработници на Бебек, а видео прикаската е доловена од режисерската палка на Сандра Михаљевиќ.

Инаку веќе најавените концерти во Загреб во Лисински, на 23 и 24 ноември, се распродадени, а за концертот во Сплит во Спаладиум Арената, на 21 декември, се бара карта повеќе.


[There are no radio stations in the database]