„Дубиоза Колектив Карантин Шоу“-сезона 2

Written by on октомври 20, 2020

Во обид да најдат начин да ги скратат долгите денови на самоизолација и да ги направат поинтересни и за нив самите и за другите, дечките од босанската музичка група Дубиоза Колектив, решија во март месец да креираат „Дубиоза Колектив Карантин Шоу“.

Енергични и гласни, секој понеделник од 20:30ч. одржуваа on-line карантин „мини концерти“, при што секој член на бендот се вклучуваше од својот дом.

Во првата сезона од таканареченото Карантин шоу, нивните фанови уживаа во седум епизоди, а веќе од вчера, понеделник 19 октомври, почна втората сезона на „Дубиоза Колектив Карантин Шоу“.

И како и секогаш, така и сега, во првата епизода од карантинкото шоу, интересни и полни со изненадувања за своите фанови-ја промовираа Роботската Демократска Партија и нивниот нов член Роби Мегабајт, и секако – свечената химна на партијата!

 

 


[There are no radio stations in the database]