Драган Спасов Дац и Александар Митевски го промовираа спотот за „Ѓавол да те земе“!

Written by on септември 22, 2020

Минатиот викенд во Штип се одржа 35-то издание на Макфест, а помеѓу учесниците беа и „милениците на публиката“, дуото Драган Спасов Дац и Александар Митевски кои настапија со песната „Ѓавол да те земе“.

Одличен настап на пријателското дуо, кое на сцената беше придружувано од  дувачкиот состав Brasstet Skopje.

Инаку, Дац и Александар и минатата година настапија со нивниот хит „Уште ми фалиш“ и го освоија второто место, а песната беше дефинитивно најслушаната помеѓу двата фестивала.

Неуморни и секогаш расположени за дружба, веднаш по завршувањето на фестивалот, закажаа промоција на видео спотот за макфестовската „Ѓавол да те земе“, а таа се одржа синоќа во клубот Tribeca во Скопје.

Дел од атмосферата споделија и на нивниот фб профил.

Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Понеделник, 21 септември 2020

Видеото е во продукција на Пикадо.


[There are no radio stations in the database]