Необјавен спот на Влатко Илиевски

Written by on јули 12, 2018

По веста за смртта на македонскиот поп – рок пејач Влатко Илиевски,кој на 6 јули беше пронајден мртов во својот автомобил, а резултатите од истрагата се очекуваат наскоро, македонската јавност се уште е во шок од веста за прерано згаснатиот живот на младиот пејач.
Во меѓувреме, „Фабрика продукција“ на својот официјален канал на „јутјуб“ објави нов спот на Влатко Илиевски.
Станува збор за видеозапис за песната „До крајот“.
Нема детали кога е снимен овој спот, а видеото е споделено и на „фејсбук“ на една од фан-страните на трагично починатиот пејач.


[There are no radio stations in the database]