ДНК со нов хит: „Кога би знаела се“

Written by on јануари 8, 2019

Дуото ДНК на христијанскиот празник Бадник објави нов видео-запис за „Кога би знаела се“, песна која ја најавуваа долго време.

Композицијата веќе очекувано е на проверениот тандем – Панчо и Лазар Цветковски, односно музиката е заедничка, текстот е на Панчо, додека аранжманот е дело на Лазар.

Но тука не завршува целата приказна, која е љубовна и за која видеото е снимено во Чикаго, САД.

Ова е всушност прво видео на ДНК кое е снимено надвор од нашите граници, а интересно е и по тоа дека во него Панчо и Андреј ги има во само неколку кадри.

Тие се во улога на улични музичари забавувачи, додека околу нив се развива љубовната приказна.


[There are no radio stations in the database]