„Дишем за нас“- албум првенец на Давид Темелков
Written by Р.Б. on ноември 15, 2019
Македонскиот пејач Давид Темелков кој македонската и балканската публика го запозна преку учеството во регионалното музичко шоу “Икс Фактор”, на 13 ноември во Загреб го промовираше неговиот прв албум „Дишем за нас“.
Промоцијата помина во одлична атмосфера, а за тоа се погрижи самиот Давид, кој на пријателите, претставниците на медиумите и бројните колеги им приреди едно прекрасно музичко патување пеејќи ги песните од неговиот албум првенец.
Поддршка секако му даде и Мирослав Рус, еден од легендарните хрватски композитори, кој изјави – „Давид ме привлече со својата посебност и глас кој ретко се слуша. Да се работи со него е вистинско задоволство..“
Меѓу присутните на промоцијата беше и менаџерката на Тоше Проески, Љиљана Петровиќ, па хрватските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека таа ќе се грижи за кариерата на Давид.
-Не! -изјави Љиљана Петровиќ, туку овде сум на промоцијата да го поддржам Давид како и самата издавачка куќа Хит-рекордс која секогаш мене ми даваше поддршка.