Дино Мерлин најави нова песна и спот!

Written by on октомври 28, 2020

Дино Мерлин, деновиве, потпиша нов ексклузивен договор со Croatia Records.

Исто така, на 26 октомври, на неговиот официјален You Tube канал, го најави новиот спот и песната со наслов „Ми“.

Премиерата на спотот се очекува на 29 октомври, а ова е воедно и првата песна што еден од најпопуларните пејачи во регионот ќе ја претстави од претстојниот албум, а кој публиката со нетрпение го очекува.

Самиот тизер не кажува многу, но привлекува внимание, а судејќи според досега сработеното, Дино Мерлин уште еднаш ќе и понуди на публиката нешто ново, инспиративно и автентично.


[There are no radio stations in the database]