Дино Мерлин го промовираше новиот сингл и спот!

Written by on октомври 29, 2020

Во црногорскиот комплекс Порто Монтенегро, Дино Мерлин премиерно го изведе спотот за песната „Ми“.

Ова е првиот сингл од претстојниот, дванаесетти албум на овој кантавтор.

Видеото, во кое учествуваа уметници од Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија, предводени од режисерката со уметничкото име КУКЛА, е снимено во Порто Монтенегро, марина (пристаниште)  и поморско одморалиште во Которскиот Залив, кое е под заштита на УНЕСКО, и првото One&Only одморалиште во Европа, за кое е најавено дека се отвара пролетта 2021 година.

Песната е полна со живот, оптимизам, надеж и верба во подобро утре.

-„ Ми “, најавува ново време, време во кое треба да бидеме „ Ми “ (ние) повеќе од кога било, затоа што само така можеме да ги надминеме тешкотиите со кои се соочуваме во животот, вели Дино Мерлин.


[There are no radio stations in the database]