„Динамит“ е новиот сингл на Борис Новковиќ!

Written by on ноември 10, 2020

Познатиот кантавтор Борис Новковиќ го објави новиот сингл насловен „Динамит“, кој всушност е вториот сингл со кој го најавува новиот студиски албум.

Хрватскиот заводник сам ги напиша музиката и текстот, додека аранжманот го направи Хрвоје Прскало, а песната неодоливо потсетува на неговите стари хитови.

Звукот на поп рок, препознатливиот вокал на Борис и љубовната тематика се рецептот за успех на „Динамит“.

За новата песна Борис Новковиќ сними и видео во друштво на атрактивната танчерка Валентин Валм, а за режијата и монтажата на спотот беше одговорен Раул Бржиќ.

– Самата песна е всушност автобиографска. Ако требаше да се опишам себе си со неколку зборови, мојот карактер и погледот кон живот, би ја пуштил песната „Динамит“ – искрен е Борис, кој признава дека е голем романтичар и гледа на светот со розови очила.


[There are no radio stations in the database]