„Дивље јагоде“ со новиот албум „Jukebox“ пристигнуваат на медиумска промоција во Скопје

Written by on февруари 24, 2020

Регионалната промоција на новиот албум на „Дивље јагоде“ – „Jukebox“ нема да го заобиколи Скопје.

Имено, основачот на „Јагоде“ – Зеле Липовача во Скопје пристигнува во среда, на 26-ти февруари, и истиот ден од 13 часот ќе се дружи со новинарите, пријателите и фановите во новоотворениот Avalon Music & Ticket Store.

Прилика за добра музика, автограм и фотографирање со еден од најважните автори и гитаристи на музичката сцена од Вардар до Триглав, човекот кој ги напиша: „Krivo je more“, „Jedina moja“, „Ne želiš kraj“, „Autostop“, „Motori “, „Šejla“, „Zauvijek tvoj“, „Marija“…

-„Сè што сонував како момче и тоа што требаше да биде неисполнета бајка стана реалност. Значи, чуда се можни! По 40 и кусур години, албумот „Jukebox“ не е големо, но тој е секако мало чудо” – вели основачот, авторот на песните и гитарист на „Дивље јагоде“ – Зела Липовача, по повод новиот албум.

После четири синглови и речиси две години чесна работа, новиот студиски албум на „Дивље јагоде“ со наслов „Jukebox“ , во издание на Croatia Records е конечно тука!


[There are no radio stations in the database]